Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за лице од Пештани поради незаконит риболов

Охрид, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишно лице од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.

– На 8-ми декември 2023 година, на влез од селото Пештани, кај местото викано „Круша“, бил забележан пријавениот со рибарски мрежи, улов од риби и риболовен алат, а по извршен претрес во неговиот дом биле пронајдени рибарски мрежи. Запленетиот улов е предаден на увид во ЈНУ „Хидробиолошки завод“ во Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука