Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Најмладите во ООУ „Кочо Рацин“ ги прославија празниците со приредба, добија и пакетчиња од поранешен ученик кој живее во Франција

Охрид, 23. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Празниците се време за радост, дарувања, но и изненадувања. Најмалите во ООУ „Кочо Рацин“ ги прославија празниците со приредба, добија и пакетчиња од поранешен ученик во ова училиште, кој сега живее и работи во Франција.

– Денес во нашето училиште имавме прекрасна приредба и незаборавна дружба. На новогодишната приредба, најмалите, најрадосните рецитираа, пееја, глумеја, играа и имаа креативна, интерактивната дружба со веселиот, прекрасен дедо Мраз. На крај децата добија пакетчиња од родителите и од бившиот наш ученик Тони Ристовски и неговата мајка Славица од Франција, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука