Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Двајца охриѓани пријавиле дека биле физички нападнати на улицата „Петрино“

Охрид, 23. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри декември 2023 година, во 16:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Петрино“ во Охрид, двајца охриѓани биле физички нападнати од едно лице.

– Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука