Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во угостителски објект на булеварот „Железничка“ приведено 42-годишно лице од Тетово кај кое е пронајдена опаковка со бела прашкаста материја

Охрид, 24. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти декември 2023 година, во 02:30 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 42-годишно лице од Тетово.

– При извршен преглед, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука