Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Реализирана превентивно-едукативната кампања „Петарди не, безбедност пред се“

Охрид, 24. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, денеска на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, ја реализираа превентивно-едукативната кампања „Петарди не, безбедност пред се’“.

– Притоа, полициски службеници остварија контакти и кратки разговори со граѓаните, посебно со помладата популација за штетните последици од употреба на пиротехнички средства по здравјето на луѓето, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови на телата. Накратко, беа презентирани законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и други пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови пред објекти, во влезови на станбени згради или училишта и слично. Тие беа и информирани и за прекршочните и кривичните санкции од нелегалната употреба на пиротехнички средства. Целта на кампањата чие мото е „Петарди НЕ, безбедност пред се’“ е подигнување на свеста кај граѓаните во пресрет на празниците, да не купуваат и активираат разновидни пиротехнички средства, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука