Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Членовите на ЗРР СК „Св. Апостол Петар“ најуспешни во риболов на крап за 2023 година

Скопје/Охрид, 24. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Здружението на рекреативни риболовци, Спортски клуб „Св. Апостол Петар“ од Охрид, со најголем број осовоени места на манифестацијата на која се прогласуваа најуспешните екипи во риболов на крап за 2023 година.

– Денеска на факултетот за земјоделство во Скопје се прогласија најдобрите екипи во риболов на крап во Република Македонија за 2023 година. Го имавме тоа задоволство да се искачиме на врвот на пиадесталот и гордо да се чита името на нашиот град – Охрид. Охриѓани со најголем број на освоени места: прво место, државни прваци и најголема риба Кирил Марин и Јован Јолакоски. Трето место крап за Александар Илоски и Стефан Спирковски. Поединечно до У20 освоено е уште едно место во дисциплината пливка, потенцираат од ЗРР СК „Св. Апостол Петар“ – Охрид.

Додаваат дека очекуваат слични и подобри резултати и во 2024 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука