Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Во тек се подготовките за манифестацијата „Бадникови поворки“ во Охрид

Охрид, 26. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Дечиња од Охрид и охридско се подготвуваат за манифестацијата „Бадникови поворки“ 2024 година.

На пробите што се одржуваат во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ бројот на учесници е сѐ поголем. Кон поворката од Охрид ќе се придружат и поворки од Дебрца, Велгошти…

– Следната проба е во сабота, 30-ти декември , во салата на ОУ „Христо Узунов“. Ги повикуваме сите дечиња да дојдат во што поголем број, додаваат организаторите.

Во насока на негување на традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни, на 6-ти јануари, стотици деца низ охридските улици ќе ја пеат Вечниот Бог. Учесниците во поворката ќе носат ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата деница што го покажала патот на мудреците до пештерата.

Инаку, Здружението „Бадникови поворки“ го доби највисокото признание „Вељо Манчевски“ за особен придонес во создавањето на трајни вредности“ со одлука на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука