Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

СДСМ Охрид поднесе амандман кон предлог Буџетот за 2024 година за физичко обезбедување на училиштата

Охрид, 26. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Охрид поднесе амандман кон предлог Буџетот на општината за 2024 година, информираат од ОО на партијата од Охрид.

– Амандманот предвидува „Физичко и патролно обезбедување на училишта на територијата на Општина Охрид (објектите и училишните дворови)“. Потребата од усвојување на овој амандман произлегува од неминовноста за превземање сериозни мерки за спречување на евентуални немили настани во образовните институции во нашата општина. Од големо значење за сите нас е обезбедување и унапредување на безбедноста во установите каде престојуваат најмладите. Нивната сигурност и безбедност претставува наш приоритет. Усвојување на овој амандман ќе значи искрена грижа за децата, за нивната безбедност, но и зачувување на опремата и инвентарот во објектите и училишните дворови. Очекуваме мнозинството од советници во Советот на општина Охрид да го прифати амандманот со што заеднички ќе го занемариме популизмот и политиканството кога се работи за најсуптилната категорија – децата, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука