Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода кај Рача, учествуваа две возила, едно заврши во столб од уличното осветлување

Охрид, 26. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Две возила учествуваа во сообраќајната незгода која се случи вечерва, нешто по 22:00 часот на патниот правец Охрид-Св. Наум, кај населбата Рача.

Порталот Охрид 1 јави дека едното од возилата завршило во столб од уличното осветлување.

До овој момент нема потврдени информации за повредени лица во незгодата во која е причинета поголема материјална штета.

Овој потег на патниот правец е место каде често се случуваат сообраќајни незгоди, пред се’ поради движење на возилата со неприлагодена брзина. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: Охрид 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука