Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“ на градскиот плоштад

Охрид, 28. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на празниците, учениците од ОМУ „Методи Патче“ вечерва од 18:00 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе одржат новогодишен концерт.

Ова доаѓа по прекрасното музичко уживање со безвременските композиции од најпознатите анимирани филмови на „Дизни“ што младите музички таленти го приредија во вторникот, во Дијамантската сала на хотелот „Инекс“.

Учениците под менторство на своите професори повторно ќе ги изведат мелодиите од „Снежена“, „Заспаната убавица„, „Кралот Лав“, „Аладин“, „Фрозен“, „Пепелашка“ и други препознатливи екранизирани бајки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука