Забава Избор

ChatGPT создаде петти член на The Beatles, можете ли да го препознаете „натрапникот“?

Охрид, 30. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Дури и најпосветените фанови на легендарните The Beatles имаат проблем да препознаат кој е „натрапникот“ на AI генерираната фотографија од бендот која ја создаде ChatGPT.

Сликата генерирана со вештачка интелигенција не го прикажува само познатиот квартет, туку и дополнителен, фиктивен член на групата.

Сликата беше создадена од Rob Manuel, корисник на Twitter/X, кој му поставил на четботот едноставна задача да го претстави бендот како пие чај. Побарал да се креира „прекрасно дизајнирана шолја чај во спокоен амбиент, симболизирајќи ја топлината, удобноста и идеалното искуство за уживањето во чајот“.

– Јас не можам да одлучам кои се вистинските „бубачки“, а кој е креираниот, вели Rob.

Па кој е, што мислите вие? (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Rob Manuel

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука