Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските „Рибари“ ја спроведоа традиционалната хуманитарна акција, поделија 100 пакетчиња за најмладите

Охрид, 30. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на навивачката група „Рибари“ од Охрид денеска, петта година по ред ја спроведоа традиционалната новогодипна хуманитарна акција.

– Денес бевме присутни низ центарот на Охрид и поделивме 100 пакетчиња на сите деца кои шетаа со своите родители. Благодарност и до двата наши клуба, ФК и ГРК „Охрид“ кои ја поддржаа оваа акција. Среќни новогодишни и божиќни празници Македонци, порачаа охридските „Рибари“ на нивниот официјален профил на Facebook. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: НГ „Рибари“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука