Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во угостителски објект во Охрид приведен жител на Србија затекнат како користи кокаин

Охрид, 31. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви декември 2023 година, во 00:50 часот во угостителски објект на плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделение за недозволена трговија до дрога и оружје привеле 31-годишно лице од Република Србија.

– Тој бил затекнат како користи кокаин и до него било пронајдено и одземено пакување со кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука