Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Free download: Новогодишен хит на Супер радио, Amira Medunjanin – Moj dilbere (Super radio Rmx)

Охрид, 31. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Водечкиот медиум во регионот, покрај во информативниот дел е препознатлив и по одбраната музика која ја негува веќе полни 31. година.

Еден од слоганите на Супер радио годиниве наназад е „затоа што во Охрид секога се слушала и пуштала најдобрата музика“. Покрај овој дел, уште од самите почетоци, екипата работи и на сопствено креирање на музика, радиски елементи и емисии, а особено ремикси на познати песни на кои им се дава нов момент и нова душа.

– Можеби изборот на песната многумина ќе биде изненадување, но ние доаѓаме од времето кога ваков вид на музика во клубовите и кафе баровите се пушташе само околу Нова година. На безвременската изведба на оваа песна на дамата со ангелски глас Amira Medunjanin во живата верзија на Moj dilbere, заедно со Zagrebacki Solisti и’ дадовме нов момент со еден летен призвук и sound кој ќе ве потсети на летото кое е зад нас. Ја слушаме денеска на секој час за највесела и најсреќна Нова година за сите, велат од Супер радио.

Додаваат дека проектот е комплетно некомерцијален и сите можат да ја симнат песната ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука