Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Новогодишната ноќ донесе два случаи на физички напади

Охрид, 1. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новогодишната ноќ донесе два случаи на физички напади, информираат од СВР Охрид.

На 1. јануари 2024 година во 00:26 часот, во СВР Охрид е приведен 20-годишен охриѓанец кој претходно, во угостителски објект во Охрид, најнапред вербално а потоа и физички нападнал едно лице. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31-ви декември 2023 година во 23:55 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, 24-годишно лице физички нападнало 47-годишник, двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука