Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Од повреди при пад во семејниот дом почина 35-годишно лице од селото Долно Лакочереј

Охрид, 1. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 1. јануари 2024 година, во 18:35 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, медицинска екипа со возило на Итната медицинска помош, од охридското село Долно Лакочереј транспортира лице кое, и покрај обидите за реанимација, не давало знаци на живот.

– Од преземените мерки констатирано е дека се работи за 35-годишно лице од истото село, кое, според членови на неговото семејство, се здобило со повреди при пад во семејниот дом. За настанот, известен е јавен обвинител а по нивно барање, телото е предадено на семејството, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука