Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со локален дожд и температура до 9. степени

Охрид, 3. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 9. степени.

– И утре ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла со променлив интензитет. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок, а нов влажен бран со врнежи претежно од дожд повторно се очекува во сабота попладне и во недела, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука