Вевчани, 3. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во финална фаза се подготовките за новото издание на традиционалниот Вевчански карневал.
Вевчанскиот карневал е најпознатиот бренд на Република Македонија од овој вид, кој традиционално се одржува на 12-ти, 13-ти и 14-ти јануари. Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1500 години.
Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма.
На 12-ти јануари веќе традиционално се организира програма од забавна музика, на 13-ти од народна музика и сето тоа испреплетено со традиционалното дефиле на маски, кое завршува со палење на маските на 14-ти јануари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива