Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Mинатата недела регистрирани 72 случаи на Covid-19, најмногу во Скопје, 10 во Охрид

Скопје/Охрид, 4. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 25-ти до 31-ви декември 2023 година регистрирани се вкупно 72 случаи на Covid-19, информира за МИА директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети.

Најмногу од нив, 39 се во Скопје, 12 во Прилеп и 10 во Охрид.

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од почетокот на годинава. На Инфективната клиника во Скопје ноќеска биле примени двајца пациенти со Covid-19, од кои едниот во тешка состојба, но со друга основна болест.

Директорката Инфективната клиника во Скопје Милена Стевановиќ, за Медиумската информативна агенција изјави дека во последните 24 часа на Клиниката прегледале 22 лица со грип.

– Имаме вкупно четири пациенти на клиниката, рече Стевановиќ. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука