ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Охриѓани свечено ќе го дочекаат Раѓањето Христово

Охрид, 5. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните ги прават последните подготовки за што посвечено да го дочекаат Раѓањето Христово.

Утре на Бадник, охриѓани во кругот на семејството ќе седнат на поснатата трпеза и ќе го прослават празникот со надеж дека најблиските ќе ги следи среќа во текот на целата година. Денот наспроти Христовото раѓање се празнува со низа обичаи. Со традиционална Бадникова посна трпеза, со желби за многу здравје, среќа и бериќет во престојната година православните христијани ќе ги дочекаат Божикните празници, претежно во кругот на најблиските. Според верувањата и обичаите, на богатата бадникова посна трпеза ќе се најде и лепчето со паричка, а оној кој ќе го најде, се верува дека ќе го прати среќа во текот на годината.

Утре ќе се одржи Бадниковата поворка, која има за цел да се продолжи оваа стара духовна традиција. Ќе учествуваат многу деца кои ќе продефилираат низ охридските улици, пеејќи ја некогашната стара коледарска песна „Вечниот Бог“, а ќе финишираат на Градскиот плоштад.

Во недела пак со семејството, ќе го слават Рожденството Христово- Божик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука