Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд попладне и температура до 11. степени

Охрид, 6. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Утре во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови. Денес ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен (над 60 км/час), а од понеделник од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука