Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид солидно исполнет со гости и за Божикниот викенд (Фото)

Охрид, 6. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е солидно исполнет со гости од земјата и светот и за време на Божикниот, празничен викенд.

И понатаму, најбројни посетители се од Србија, Албанија и Грција, кои заедно со домашните посетители уживаат во прошетки по кејот и во центарот на градот, но и во угостителските објекти.

Според метеоролозите, во Охрид денес се очекува променливо облачно време со услови за локален дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Утре во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови. Денес ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен (над 60 км/час), а од понеделник од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука