Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде марихуана кај три лица од Велгошти

Охрид, 7. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти јануари 2024 година во 23:10 часот, во охридското село Велгошти, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, лишија од слобода три лица на возраст од 27, 30 и 40 години, сите од селото Велгошти.

– При преглед на патничко возило марка „Киа“ со охридски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, пронајдени се и одземени три пакувања со марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука