ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Државниот врв за Божиќ во Охрид

Охрид, 7. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски празникот Божиќ го поминуваат во најголемиот туристички центар кај нас, убавиот Охрид.

Ковачевски, присуствуваше на Божиќната служба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, во чест на празникот Христово раѓање Божиќ, а со којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј. Премиерот Ковачевски поразговара со верниците, како и со претставниците на МПЦ-ОА и им посака добро здравје, спокој и радост.

Претседателот Пендаровски, со сопругата беше во црквата „Св. Никола“ во Охрид.

– Христос се роди! Среќен Божиќ, за многу години, порача претседателот Пендаровски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука