Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ (18:17h): Врнежи од слаб снег на планинските превои „Буково“ и „Ѓавато“

Охрид, 7. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на планинските превои „Буково“ и „Ѓавато“. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука