Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 5. степени

Охрид, 11. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и студено време наутро, а преку денот со сончеви периоди со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 5. степени.

– До недела ќе се задржи стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Утре и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука