Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Од средината на месецов WizzAir го намалува бројот на летови од Охрид до Виена

Охрид, 11. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Авиокомпанијата WizzAir од средината на месецов, па се’ до средината на март ќе го намали капацитетот на својата мрежа, поради глобалниот проблем со моторите произведени од Pratt & Whitney.

Бројот на летови од Охрид до Виена од четири ќе биде намален на три лета неделно.

Услугите за Базел и Меминген ќе ги имаат најголемите намалувања на фреквенцијата, а покрај тоа ваквата состојба ќе резултира и со привремен прекин на неколку линии вклучувајќи ги и Скопје-Луксембург и Скопје-Болоња.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука