Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во два одвоени случаи полицијата пронајде кокаин кај охриѓани во ноќен клуб на булеварот „Туристичка“

Охрид, 13. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во два одвоени случаи, полициски службеници ноќеска пронајдоа кокаин кај две лица од Охрид во ноќен клуб на булеварот „Туристичка“.

Во првиот случај, на 13-ти јануари 2024 година, во 01:30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведен е 29-годишен охриѓанец. Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во вториот случај, на 13-ти јануари 2024 гоина, во 02:30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведено е 31-годишно лице од Охрид, затоа што кај него полициски службеници пронајдоа кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука