Избор Општина Вевчани ТОП ВЕСТИ

Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел поради несреќата во која ноќеска загина младиот вевчанец

Вевчани, 13. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани, соопшти денеска градоначалникот на општината Спасе Кочовски.

– Трагедијата што се случи сношти во Вевчани, сообраќајна несреќа, погина млад член на Вевчани, жител на Вевчани. Улиците на 13-ти јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин, изјави Кочовски, пренесе Слободен печат.

Тој истакна дека претпладнево имале средба со вевчанските друштва и дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма.

– Утрово маскирано лице не забележавме, не било никогаш вака, рече Кочовски и додаде дека рестораните ќе работат без музика.

Поради трагедијата која се случи во раните утрински часови музичката програма од Вевчанскиот карневал која беше предвидена на 13-ти јануари 2024 година се откажува, објавија на официјалната Facebook страна на карневалот.

– Во координација со општината и василичарските друштва од Горна и Долна мала се донесе одлука заради продолжување на традицијата да се оддржат традиционалните адети и поворката и дефилето ќе се случат во предвиденото време но со намален интензитет без музика и оро, со едноминутно молчење на централното случување, стои во објавата.

May be an image of 2 people and text that says 'вевчани карневал 1X вевчански карневал 12-14 јануари 2024 零書張 spektaklum >> важно соопштение: поради трагедијата koja ce случи BO раните утрински часови, музичката програма од вевчанскиот карневал Koja беше предвидена на 13.1.2024 ce откажува. Bo координација co општината и василичарските друштва од горна долна мала донесе одлука, заради продолжуване на традицијата да оддржат традиционалните адети. поворката и дефилето ke ce случат предвиденото време, но co намален интензитет без музика opo, co едноминутно молчене на централното случуване.'

На 13-ти јануари 2024 година, околу 01:20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на струшкото село Подгорци, се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби 19-годишно лице од Вевчани.

– Во незгодата учествувало патничко моторно возило марка „Aуди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од страна на 19-годишно лице од Вевчани кое излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.

Според неофицијални информации, лицето кое настрада во сообраќајката е за синот на поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски. (Крај)

извор: Слободен печат/МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука