ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Јанкулоски: Од почетокот на годинава интервенирано е на 7 опожарени оџаци, апел до граѓаните редовно да ги чистат и одржуваат

Охрид, 15. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на првите 15 дена од оваа година охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ од Охрид) интервенирала на 7 опожарени оџаци, информира за Супер радио и OhridPress командирот Борко Јанкулоски.

Тој упати апел до граѓаните редовно да ги чистат и одржуваат оџаџите, за да не дојде до несакани последици.

– Апелираме до жителите на општините Охрид и Дебрца да извршуваат контрола и редовно одржување на оџаците и грејните тела, исто така да бидат крајно внимателни со користење на разни и несоодветни продолжетоци на кој се приклучени повеќе уреди,сѐ со цел да немат преголемо оптоварување на електричната инсталација, а со самото тоа и до несакани последици. Исто така да бидат совесни и да ја почитуваат патната сигнализација се со цел да се избегнат сообраќајните незгоди, вели Јанкулоски.

Инаку, од почетокот на 2024 година заклучно со денешниот ден охридските пожарникари интервенирале на вкупно 13 пожари. Од нив 9 биле пожари на објекти (7 опожарувања на димоводни канали и 2 опожарувања на делови од индивидуални станбени објекти) и 4 пожари на отворен простор.

Оттаму потсетуваат дека ТППЕ Охрид е подготвена и секогаш е во служба на граѓаните да реагира на терен со своите дежурни екипи 24/7. Па, така во случај на пожар, сообраќајна незгода или било каква елементарна непогода уредно да пријават на итните броеви 193/112. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука