Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Со едукативни кампањи до зголемена безбедност во сообраќајот

Охрид, 16. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од почетокот на годинава, СВР Охрид и Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), отпочнаа со реализација на проектни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

– Притоа, полициски службеници од отсекот за превенција, во рамки на кампањите „Користи зимска опрема“, „Биди одговорен -не пиј додека возиш“, низ непосредна комуникација со возачите на моторни возила во сообраќајот им укажуваат на неопходноста од внимателно возење спрема условите и состојбите на патот, на можните последици од неприлагодената брзина како и на придржување до законската обврска за носење и соодветна употреба на зимската опрема. Полициските службеници, на возачите им поделија едукативни летоци со корисни сообраќајни совети, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука