Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

МВР: Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12-ти февруари 2024 година

Скопје, 16. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024 година, информираат од Министерството за внатрешни работи, од каде како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажуваат дека Законот не е изменет.

– За таа цел, ги информираме граѓаните дека личните карти со називот на државата – Република Македонија, кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат да важат и по 12-ти февруари 2024 година, стои во информацијата на МВР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука