Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени, пообилни врнежи од дожд и температура до 14. степени

Охрид, 18. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и потопло време со повремени, пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Денес на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час) што ќе допринесе температурите да бидат во значителен пораст. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање, а промена на времето ќе има во сабота. Под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука