ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Уште едно возило заглавило во снег, спасувачка акција утрово на Галичица

Охрид, 18. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, по повик на 112, во периодот од 05:00 часот до 08:00 се спроведе спасителна акција на планината Галичица. Истата е успешно завршена во координација на Секторот за операции и координација во ЦУК, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Регионалниот ЦУК Охрид, рано утрово, известува дека има заглавени лица со моторно возило на врвот на Галичица, иако тој патен правец е подолго време затворен за моторни возила. Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а секако и сите надлежни институции биле известени за натамошна постапка. ЦУК информира дека паралелно било комуницирано и со граѓаните од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состојба при што се информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување, велат од ЦУК.

Инаку, согласно информацијата на АМСМ за сезонскиот режим на сообраќај, од 15-ти ноември 2023 година, патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е затворен за сообраќај за сите видови возила, се’ до први април 2024 година. На самото место била поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ова е само продолжување на ваквите немили настани во овој регион. Единицата за спасување на планина од Охрид неодамна спроведе успешна акција за евакуација на заглавени лица на планината Галичица. (Крај)

извор: ЦУК фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука