Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во денешната крводарителска акција „Водици 2024“ собрани 104 крвни единици

Охрид, 19. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, денеска, во периодот од 09:00 до 15:00 часот Црвен крст Охрид во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија ја организираа традиционалната крводарителска акција „Водици 2024“ на која беа собрани 104 крвни единици.

– Меѓу нив и неколку дарители кои за прв пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители. Изразуваме благодарност до сите граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност, до екипите од Институтот за трансфузиона медицина, волонтерите од Црвен крст Охрид, Дебарско-кичевска епархија – Охрид која обезбеди скромни подароци за крводарителите, како и до Центарот за култура „Григор Прличев“ кој овозможи простор за одвивање на акцијата, информираат од охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука