Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со врнежи претежно од снег и температура до 4. степени

Охрид, 20. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 4. степени.

– Денес под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Локални врнежи од снег ќе има и во недела претпладне. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука