Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ (07:13h): Забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој „Стража“

Скопје/Охрид, 20. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија.

Поради интензивни снежни врнежи на планинскиот превој Стража и во Маврово од 04:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. На патниот правец Тетово-Попова Шапка од 05:00 часот се воведува забрана за сообраќај за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири). Патот од Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар) е затворен за товарни моторни возила.

Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука