Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Денар.мк: Во Охрид може да се изнајми стан за 200 до 300 евра месечно, што е повеќе од киријата во Скопје

Скопје/Охрид, 20. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на минатата година, покрај во Скопје, најмногу се граделе стамбени објекти во Охрид, Битола, Кичево, Гостивар, Гевгелија и Струмица.

Цената на квадратот во овие градови се движи од 400 до 800 евра, а во некои делови и до 1.000 евра, анализира порталот денар.мк.

Архитектите кои ги консултирале посочуваат дека ова е добра можност за купување стан во внатрешноста, бидејќи тие градови нудат поголема квалитет на живот, поубава природа, помало загадување и поголема можност за заработка од туризмот.

– Експертите велат дека во Охрид, Штип и во Струмица може да се изнајмува стан за 200 до 300 евра месечно, што дури е повеќе од киријата во Скопје. Тие додаваат дека државата треба да го поддржи градењето згради во внатрешноста, со дисперзија на здравствените и другите објекти и изградба на инфраструктура за поудобно и поквалитетно живеење. Тоа ќе придонесе за намалување на процесот на иселување од другите градови и за рамномерен развој на земјата, стои во анализата. (Крај)

извор: денар.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука