Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за лице од Тетово кое вршело јавен превоз без лиценца во Охрид

Охрид, 20. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

– При контрола во сообрќајот, извршена на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници го затекнале пријавениот како со патничко возило „Мерцедес“ врши превоз на патници во внатрешниот сопобраќај без соодветна лиценца издадена од надлежен орган, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука