Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид измерени минимални -4 степени, снежната покривка е 12 сантиметри

Охрид, 21. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Минималната температура измерена утрово во Охрид била -4 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на република Македонија.

Во текот на изминатите 24 часа, до 07:00 часот утрово, во Охрид наврнале 19 l/m2 воден талог, а висината на снежната покривка во градот е 12 сантиметри.

Во Охрид денес променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 3. степени.

– Од утре до средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Најстудено ќе биде во понеделник и вторник, а потоа ќе преовладува ветровито време со умерен до засилен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука