УХМР: Во Охрид утрово измерени минимални -7 степени, снежната покривка е 8 сантиметри
Охрид, 22. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Минималната температура измерена утрово во Охрид била -7 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на република Македонија.
Висината на снежната покривка во градот е 8 сантиметри.
Во Охрид денес наутро ведро, тивко и многу студено време, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе се искачи до 3. степени.
– До среда времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |