Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Преподобен Јоаникиј Ракотински, роден во Охрид

Охрид, 24. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го одбележуваат Денот посветен на Преподобен Јоаникиј Ракотински.

Преподобен Јоаникиј се родил во Охрид, на 7-ми јануари 1847 година, а на крштението го добил името Јован. Монашки потстриг примил на 17-ми јануари 1873 година, во манастирот „Свети вмч. Пантелејмон“, Нерези, со името Јоаникиј. Година и половина по замонашувањето преминал во манастирот „Свети Илија“, село Бањани, а во 1874 година останал во братството на Марковиот манастир, за најпосле да се насели во селото Ракотинци и таму да го обнови манастирот „Свети Илија“.

Како најобразован во тоа време, во 1896 година подигнал и основно училиште за деца. Живеел во исклучително тешко време, за време на турското владеење, Балканските и Првата светска војна, со тешки искушенија и притисоци, и сенародно страдание. Во 1913 година бил произведен во игумен, а во 1935 година во архимандрит.

Се упокоил на 24-ти јануари 1940 година. (Крај)

извор: Slovo Božjo фото: Slovo Božjo

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука