Забава Избор

„Месечевиот рај“, одличен нов сингл на Нокаут и Миа Перевска

Охрид, 24. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Досега ја слушавте како пратечки вокал на нашите песни, а сега и во дует со нејзиниот татко, Пере.

– Задоволство ни е да ја промовираме првата соработка помеѓу Нокаут и Миа Перевска во најновиот сингл „Месечевиот рај“, порачуваат од Нокаут, една од најпопуларните групи кај нас.

Музиката е на Никола Перевски, кој заедно со Миа го потпишува и аранжманот. Текстот е на Дуке Бојаџиев, а за пост-продукцијата и мастерингот се погрижи Дарко Димитров.

– Уживајте како што ние уживавме додека ја правевме песната, порачаа од Нокаут. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука