Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Српската заедница од Охрид во сабота ќе го одбележи празникот Свети Сава

Охрид, 24. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Српската заедница од Охрид, во сабота, на 27-ми јануари 2024 година, во 12:00 часот во хотел „Сити Палас“, ќе го одбележи големиот христијански и државен празник на Република Србија, Свети Сава.

– Во организација на српската заедница од Охрид и почесниот конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев, со голема чест и задоволство ве покануваме сите заедно во пријатна празнична атмосфера да го прославиме овој светол празник кој не поврзува и ни дава љубов и сила за уште поцврста врска и создавање на убави дела помеѓу братските народи, информираат организаторите.

Сите кои сакаат да присуствуваат на прославата, можат да се пријават најдоцна до четврток, 25-ти јануари 2024 година кај претседателот Среќко Стојановиќ, на контакт телефонот 070/232-888. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука