ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Српската заедница од Охрид по 17-ти пат достојно го одбележа празникот Свети Сава (Фото/Видео)

Охрид, 27. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Српската заедница од Охрид, денеска напладне во хотелот „Сити Палас“, го одбележа големиот христијански и државен празник на Република Србија, Свети Сава.

– Денес, по 17-ти пат го прославуваме празникот Свети Сава, првиот српски архиепископ. Тој во светски рамки се изборил за самостојна Српска православна црква и токму поради тоа, ние како здружение го одбравме Свети Сава, да биде слава на нашето здружение. Во Србија го прославуваат како ден на образувањето, а ние како крсна слава, истакна Среќко Стојановиќ, претседател на српско-македонското друштво во Охрид.

Тој испрати честитка по повод празникот на сите православни верници, кои го славеат денот.

– Нека е среќна славата и за многу години, порача Стојановиќ.

Настанот се одржа во организација на српската заедница од Охрид и почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев, како одбележување на овој светол празник кој ги поврзува двата народи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука