ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Македонија доби техничка Влада, Ахмети порача: Без да поминете преку мојата, не може да тропнете на другите врати

Скопје, 28. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Без да поминете преку мојата врата, не може да тропнете на другите врати…

Вака почесниот доктор на науки од Тетовскиот Универзитет и лидер на ДУИ Али Ахмети ги поздрави колегите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за време на собраниската седница на која се избра третата преодна (техничка) Влада по 2016 година.

Мандатар е Талат Џафери од ДУИ, а Владата беше избрана со 65 гласа „за“ и три против. Треба да ја предводи државата 100 дена и да ги организира парламентарните и претседателските избори кои треба да се одржат во април и мај.

Во Предлог-составот на преодната влада, прв заменик премиер на Владата и вицепремиер за европски прашања ќе биде Бојан Маричиќ, додека Артан Груби министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Панче Тошковски на предлог на ВМРО-ДПМНЕ е предложен за министер за внатрешни работи, како и Ѓоко Велковски предлог за министер за труд и социјална политика.

На досегашните места остануваат Кренар Лога – министер за правда, Бујар Османи- министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Меџити – министер за здравство, Јетон Шаќири – министер за озбразование, Ристо Пенов – министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска Стојчевска- министерка за култура, Азир Алиу – министер за информатичко општество и администрација, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Каја Шукова – министерка за животна средина и Фатмир Битиќи, министер без ресор задолжен за економски прашања и Славица Грковска, министерка без ресор задолжена за политики за добро владеење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука