ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Поднесена пријава против охриѓанецот Александар Ѓурчев за истакнување на знаме со сонцето од Кутлеш

Охрид, 29. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поднесена е пријава против охриѓанецот Александар Ѓурчев за истакнување на знаме со Сонцето од Кутлеш во центарот на Охрид на 27-ми април 2023 година.

Порталот експрес.мк, кој ја објави информацијата информира дека во пријавата стои дека тој на плоштадот „Долна порта“ поставил знаме кое не содржи обележја утврдени со закон.

Предходно, за слично дело се водеше процес и против адвокатот Тони Менкиноски кој се товареше дека го нарушил јавниот ред и мир кога на празникот Водици во Охрид, кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално на Република Македонија. (Крај)

извор: експрес.мк фото: експрес.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука