ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожарникарите утрово интервенираа на пожар во куќа на кеј „Македонија“ (Фото/Видео)

Охрид, 29. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) утрово повторно интервенираше на пожар, кој според првичните информации е поради оџак, овој пат на кеј „Македонија“.

Ова е само продолжување на ваквите акции на пожарникарите.

– Само во текот на првите 15 дена од оваа година охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ од Охрид) интервенирала на 7 опожарени оџаци, изјави неодамна за Супер радио и OhridPress командирот Борко Јанкулоски.

Тој упати апел до граѓаните редовно да ги чистат и одржуваат оџаците, за да не дојде до несакани последици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука