Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Четирите Национални паркови во Македонија ќе добијат финансиска помош од 20 милиони денари

Скопје/Охрид, 29. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Финансиска помош од 20 милиони денари за првпат ќе добијат четирите Национални паркови во Република Македонија, но услов за средствата да им бидат префрлени е да се одобри програмата која ќе треба да ја достават.

Националните паркови „Маврово“, „Пелистер“, „Галичица“ и „Шар Планина“, периодов наназад се финансираа од сопствени средства и донации. Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) велат дека главната цел на помошта е да се унапреди работата на Националните паркови.

– Во моментов се изработуваат насоки за кои Националните паркови ќе треба да ги достават своите предлози за активности за финансирање. Во најголем дел овие средства ќе се искористат за имплементација на практични мерки за конзервација на диви видови како и за активнистите во наскока за искористување на екосистемските услуги во парковите кои треба да бидат во насока видлива промена во паркот која ќе може генерира финансиски средства на паркот, велат од МЖСПП.

Националните паркови во земјава претставуваат последните прибежишта за редок вид на флора и фауна. Тие се едни од најпосетуваните места од рекреативците преку целата година, за одмор од брзиот градски живот. Сепак, неконтролираната сеча во дел од нив и шумските пожари претставуваат сериозна закана за целата природа. (Крај)

извор: Канал 5 фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука