ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Втор пожар во еден ден во Охрид, овој пат во куќа на „Македонски просветители“ (Фото/Видео)

Охрид, 29. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) денеска со полни раце работа.

Откако утрово интервенираше на пожар во куќа на кеј „Македонија“, вечерва, нешто по 19:00 часот гасеа пожар во куќа на улицата „Македонски просветители“, наспроти судот.

May be an image of fire

May be an image of fire and text

Според првичните, неофицијални информации, во двата случаи станува збор за интервенции на запален оџак.

Ова е само продолжување на ваквите акции на пожарникарите.

– Само во текот на првите 15 дена од оваа година охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ од Охрид) интервенирала на 7 опожарени оџаци, изјави неодамна за Супер радио и OhridPress командирот Борко Јанкулоски.

Тој упати апел до граѓаните редовно да ги чистат и одржуваат оџаците, за да не дојде до несакани последици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука